ЛЕТНА КАТАКЛИЗМА ВО ОВЧЕПОЛИЕТО : ДЕВЕТ СЕЛА И 2600 ХЕКТАРИ ЗЕМЈА СЕ БЕЗ ВОДА, ПЧЕНКАТА И ЛУЦЕРКАТА СЕ ГОТОВИ, НЕ ИМ ПУШТИЛЕ ВОДА ОД БРАНАТА КОЈА Е ПОЛНА ЗА НАВОДНУВАЊЕ А ПОСЕВИТЕ УНИШТЕНИ, ЗА НЕКОИ ИМА ЗА НЕКОИ НЕМА ВОДА, ЗА УТРЕ СЕ НАЈАВЕНИ ПРОТЕСТИ!

0
734

Оваа е револт на земјоделецот Златко Здравковски од светиниколското село Ерџелија,чии посеви над 70 проценти се исушени поради немање на вода. Истиот проблем го имаат другите земјоделци кои денеска се собраа на предупредувачки протест пред селото Мустафино.

Доколку нивниот проблем не се реши ургенто и вода низ системот за водоснабдување непротече веднаш, утре најавуваат блокада на патот Штип Велес.

Првиот човек на Водостопанство Кочани, Благојчо Богатинов денеска не беше достапен бидејки неговиот телефон беше исклучен.

Во меѓувреме, претставници од незадоволните земјоделци од овчеполието стапиле во контакт со надлежните од Водостопанство, при што им било ветено дека вода ќе добијат.

Проблемот со немање вода во хидросистемот Брегалница е клучен за опстанок на посевите и во атарите на селата Горни и Долни Балван и Крупиште каде културите масовно се сушат. За утре земјоделците од овие села најавуваат протест.

Претставници од незадоволните земјоделци од овчеполието стапиле во контакт со надлежните од Водостопанство, при што им било ветено дека вода ќе добијат.

Извор : ТВ Стар