Во најинтересниот меч во програмата од 18 часот Чешка и Швајцарија одиграа без победник како дел од групата А на Светското првенство кое што се игра во Данска, Норвешка и Хрватска.
Двете репрезентации одиграа еден многу лош натпревар во кој ниту една репрезентација не заслужи да стигне до победата, па овие 17-17 и повеќе се од реален исход.
Фаворитската улога ја оправда и Египет кој беше подобар од Аргентина со 39-25, како и Португалија која славеше против САД со 30-21.
Извор : Екипа.МК