Специјалната јавна обвинителка Ленче Ристоска во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека тоа што некој е новинар е присутен во јавноста, не значи дека за него не треба да се зборува доколку доказите покажуваат дека се под кривична одговорност, бидејќи никој не може да биде амнестиран доколку работел против законот.
Таа ги отфрли обвиненијата од здружението на новинари МАН, дека Специјалното јавно обвинителство работи против медиумите.
Ристоска потенцираше дека од над 60 лица кои се дел од истрагите на СЈО само тројца се поврзани со медиуми, но за ниту еден медиум не е побарано да се блокира неговата сметка, така што медиумите работат без проблем.
Како што дознаваме од овој список на сликата сите ќе одат во затвор поради криминали заедно со власта!