ЛЕЛЕ ЛЕЛЕ ЛЕЛЕ АКО ДОЗНАЕ МАКЕДОНСКО СРПСКИОТ СИН ПУТИН СЕА – ШВЕДСКА И ОФИЦИЈАЛНО ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО

0
810

Шведската влада денеска донесе официјална одлука нивната земја да аплицира за членство во НАТО. Премиерката Магдалена Андерсон изјави дека најдоброто нешто за безбедноста на Шведска е да стане дел од Алијансата.

Владата претходно во текот на денот имаше состанок. Пред тоа се одржа собраниска расправа за состојбата на безбедносната политика.

„Во нашиот парламент има големо мнозинство за прием на Шведска во НАТО“, рече Андерсон.

Со одлуката, Шведска се откажува од политиката на воена неутралност поради руската инвазија на Украина. Премиерката Магдалена Андерсон за време на обраќањето пред пратениците во парламентот во Стокхолм оваа одлука ја оцени за „историска промена во безбедносната политика на Шведска”.