ЛЕЛЕ ЛЕЛЕ КАКОВ ОЧАЈ КАЈ МИЦКОВСКИ: ГО НАРЕЧЕ ЈАНКО БАЧЕВ РУСКА ФЕКАЛИЈА, СЕГА ГО КАНИ ВО КОАЛИЦИЈА ЗА ЛОКАЛНИТЕ?!?!

0
276

Фокусирани сме на претстојните локални избори, па затоа уште сега ги повикуваме сите опозициски партии да се приклучат во опозицискиот блок што ќе го предводи ВМРО-ДПМНЕ, истакна лидерот на најголемата опозициска партија во земјава, Христијан Мицкоски, на денешниот брифинг со новинарите.

Тој истакна дека дел од политичките партии веќе ја прифатиле понудата и дека само две до три партии сè уште не донеле конечна одлука дали да се приклучат на опозицискиот блок.

– Ние сме отворени за разговор со сите политички партии, вклучувајќи ги Левица, Единствена Македонија, Алијанса за Албанците, па дури и БЕСА. Засега не можам да откријам кои политички субјекти ја прифатија нашата понуда да се приклучат во опозицискиот блок. Во втората половина на јуни или во првата половина на јули ќе ја имаме контурата на тој опозициски блок – истакна Мицкоски.

Само пред 3 години, Мицковски за Јанко Бачев изјави дека е руска фекалија која го мати бурето на македонскиот отпор. Сега дојде време со него да прави коалиција со човекот кој јавно се бори за излегување од НАТО, укинување на рамковен договор, влегување во сојуз со Русија, бркање на Албанците од земјава, еднаш им порача на Албанците да научат да пливаат ќе ги бркал од Драч кон Албанија, демек балканот ќе го чистел од Албанци?!?! Со овој човек Мицко ќе прави коалиција? Ова е знак дека тој се спрема за својата политичка смрт!