Еден од партија Демократи вика ќе градел фабрика за точаци и ќе дал 100 000 точаци без пари и ќе забранел коли низ Скопје…
Друг, докторот Ношпал предлага да се градат два мега паркинзи на влезовите на Скопје и сите провинцијалци да паркираат и после пат под нозе и пешки по град?!?!
Трет, адвокатот Торте, вика да се забранел сообраќај низ центарот на Скопје освен за електрични возила, ама заборави да каже дека електричните возила коштаат дупло од колите со обичен мотор…
Гитаристот од Меморија предлага ќенефи да се граделе на кеј и сите што трчале на кеј и во парк да имало каде да одат по мала и голема нужда… Ова не е толку лош предлог, само звучи малце комично, но реално си има потреба не дека не сме се нашле сите во незгодна ситуација на кеј па ајде во Александар Палас тениско…
Интересни предлози имаше многу, некој предлози возот што идел од Петровец да идел низ град до Ѓорче… Значи пруга да имало со шини по јужен булевар и народ да се вози во воз оној со вагони и локомотива…
Еден вика да се тргнеле сите важни банки пазари и болници од центарот за народот да не морал да иде во центарот на градот?!?! Ова колку ли ќе кошта…