ЛЕЛЕ ЛЕЛЕ ДУИ СЕ СТОПИ ЗА 3 ДЕНА – ОСМАНИ: МУ ПРОСТУВАМЕ НА ЗАЕВ ЗА ТЕШКИТЕ ЗБОРОВИ ВО КАМПАЊАТА, ЗА АЛБАНЕЦ ПРЕМИЕР ЌЕ ОТСТАПИМЕ АКО СДСМ ПОНУДИ СИЛНИ АРГУМЕНТИ

0
398

Вицепремиерот и функционер на ДУИ, Бујар Османи, во Топ Тема на Телма изјави дека мандатот не го добива оној што освои најмногу гласови на изборите, туку тој што ќе обезбеди 61 пратеник. Според него, влезен билет за преговори за составување Влада во која би партиципирале ДУИ се почитувањето на Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија.

-Ако е тоа во ред, тогаш може да преминеме на преговори за програмата и за практични прашања, во смисла на поделба на одговорноста. Тоа не значи дека го исклучуваме ВМРО-ДПМНЕ, но тие самите нека кажат. За нас нема дебата за други прашања ако нема јавна изјава како гаранција за почитување на договорите – рече Османи.
Тој посочува дека нивниот пристап ќе биде што поскоро да се формира Влада, поради, како што вели, пандемијата, социо-економските последици и подготовка на првата меѓувладина конференција со ЕК.

-Ние и пред изборите рековме дека сакаме да продолжиме со СДСМ да ги решаваме горливите прашања. Тоа го рековме пред изборите и пред да се знаат резултатите. Тоа што го зборуваше Заев во однос на ДУИ не беше добро, особено што се работи за партнери. Веројатно тој што му ја наметнал таа реторика ќе понесе одговорност, но станува збор за кампања. Тогаш сме сите погласни за да ги придобиеме граѓаните. Таа заврши, граѓаните се изјаснија, резултатите се тука. Сега треба да се концентрираме на иднината – вели Османи.

Според него, нивното барање за Албанец-премиер не е уцена.

-Само ако ние инсистираме на нашиот кандидат е уцена, а кога тоа го прават другите, тоа не е уцена. Тие веројатно ќе излезат со нивните кандидати и во согласност со аргументи кои ќе ги презентираме, ќе видиме за што ќе се договориме на преговарачката маса. Ова е понуда за урување на етноцентризмот, бидејќи до сега, да се биде Албанец беше критериум за исклучување за 12 позиции во државата, детектирани во 2009 година, од Претседател до Гувернер – вели Османи.