„Лек Скопје“(„Сандоз“) донираше хидроксихлорокин за пациентите со ковид-19 во Македонија

0
316

„Лек Скопје“ („Сандоз“) донираше значителен број дози на хидроксихлорокин за лекување на хоспитализирани пациенти заразени со ковид-19. Целта на донацијата е да им се овозможи на пациентите пристап до потенцијален третман со што истовремено се овозможува напредување на клиничките испитувања во борбата против ковид-19. Министерството за здравство е одговорно за дистрибуирање на лекот во болниците.

Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје го вклучува хидроксихлорокинот како еден од препорачаните третмани за хоспитализирани пациенти заразени со ковид-19.

Оваа донација за Република Северна Македонија е дел од посветеноста на „Новартис“ да донира 130 милиони дози од 200 мг хидроксихлорокин на глобално ниво до крајот на мај, под услов локалните регулаторни органи да ја поддржуваат употребата на лекот кај пациенти заразени со ковид-19.

„Новартис“ како компанија е длабоко посветена на глобалните напори за борба против пандемијата и дава силен придонес во поддршката на стабилноста на глобалните здравствени системи.

„Сандоз“, генеричкиот оддел на „Новартис“ во Република Северна Македонија е претставуван од страна на „Лек Скопје“ ДООЕЛ. „Сандоз“ претставува глобален лидер во производството на генерички лекови и биосимилари. Целта на „Сандоз“ е да им овозможи на пациентите достапност на нови терапевтски третмани преку развивање и комерцијализирање на нови лекови и задоволување на медицинските потреби на здравствениот систем. Нивна амбиција е да бидат водечка и најценета компанија за генерички лекови во светот.

„Лек Скопје“ ДООЕЛ, дел од групацијата „Сандоз“, претставува една од водечките генерички фармацевтски компании во Македонија, која во своето портфолио има над 80 производи, застапени во преку 200 дози и пакувања, со што е присутен во сите главни терапевтски области.