Sunday, April 20, 2025
21.8 C
Skopje

ЛЕКАРСКА КОМОРА: ДА СЕ ПОЧИТУВААТ МЕДИЦИНСКИТЕ ПРОТОКОЛИ, КОИ ПРЕДВИДУВААТ ИЗОЛАЦИЈА И ЗАРАНА ЗА ПОСЕТИ

Од Лекарската комора апелираат здравјето на повредените во пожарот во Кочани да е врвен приоритет.

Оттаму ја поздравува навремената реакција на надлежните институции во нашата земја, како и срдечната помош и поддршка што ја даваат другите држави со згрижување на најтешко болните пациенти повредени во пожарот во Кочани.

„Овој начин на организација е клучeн зa пациентите да добијат вистинска шанса, со соодветна и високо стручна медицинска помош, да ја надминат тешката здравствена состојба во која се наоѓаат.

Поддршката што ја добиваме од другите држави, како со згрижување на пациентите, така и со лекарска експертиза, заедно со посветената работа на нашите доктори, е, најважна во овие моменти за да се спречи да расте бројката на трагично загинати, наведуваат во соопштението од Лекарската комора.

Апелираат и да се почитуваат медицинските протоколи за лекување и заштита на ваков тип пациенти, кои предвидуваат изолација и забрана за посети. „Мора да се има предвид дека овие болни имаат мултисистемско засегање на организмот и зголемен ризик од инфекции.

Секој дополнителен контакт со надворешни лица, директно и сериозно, може да го загрози нивното здравје. Присуството на цивилни лица кај овие болни, исто така, може да предизвика и непотребен стрес и вознемиреност, како и да го попречи работењето на медицинскиот персонал, посочуваат од Комората.

Ги повикуваат сите институции, политичари, медиуми, граѓани и здравствени работници, да ги почитуваат медицинските протоколи, а здравјето на повредените да го сметаат за највисок приоритет.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕЏИТИ НАЈАВУВА: ТРАНСФОРМИРАЊЕТО НА ВЛЕН ВО ПАРТИЈА ПОЧНУВА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА

Изет Меџити / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ Првиот...

ПУТИН ПРОГЛАСИ ЕДНОСТРАН ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО УКРАИНА ЗА ПРАЗНИКОТ ВЕЛИГДЕН

Фото: kremlin.ru Примирјето ќе започне во сабота во 18 часот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ