ЛЕВИЦА: VII ПЛАНИНАРСКА ТУРА- СЕЛО СМИЛЕВО РОДНОТО МЕСТО НА ДАМЕ ГРУЕВ И МЕСТОТО НА ОДРЖУВАЊЕ НА СМИЛЕВСКИОТ КОНГРЕС

0
736

➡️Денес Претседателот на Левица Димитар Апасиев заедно со претставниците од Левица на ЛО Демир Хисар, ЛО Битола беа на планинарска тура во с. Смилево, местото каде е одржан СМИЛЕВСКИОТ конгрес и родното место на Даме Груев.
➡️ Посетен беше Меморијалниот музеј во Смилево каде се опфатени спомен собите на Смилевскиот Конгрес, револуционерната дејност на Даме Груев како и преку 35 фотографии и фрагменти од дисциплинскиот востанички устав , оружје и документи за Илинденското востание.
➡️ Беше посетен и меморијалниот парк на Даме Груев и делегацијата предводена од Претседателот Апасиев положија цвеќе на споменикот на Даме Груев, Спомен костурницата на великанот Даме Груев и на славните Смилевски Илинденци. ✊

Фејсбук статус на Левица.