Wednesday, June 18, 2025
32.8 C
Skopje

ЛЕВИЦА: СЕСТРАТА НА ДИРЕКТОРОТ НА СОЗР ВО МВР – НЕПОТИЗМОТ ЦАРУВА ВО ВЛАДАТА

Не престануваат скандалите со непотизам во Владата предводена од Мицкоски. Овој пат се работи за вработување на сестрата на директорот на Службата за општи и заеднички работи – Ивица Томовски. Имено, информациите кои пристигнаа до Левица говорат дека токму сестрата на Томовски е вработена во ОВР-Струга, без никакво претходно искуство во безбедносниот сектор.

Ова не е прв скандал со директорот на владината Служба, која периодов е најактивна во реализирање тендери за егзотично овошје и скапи прошетки на владините функционери. Имено, претходно медиумот ,,Радио Слободна Европа” објави скандал со тендерот на СОЗР за обезбедување на државните објекти.

Како што објави тогаш медиумот, тендерот го доби приватната агенција за обезбедување „Праеториан ДООЕЛ”, чиј сопственик Власе Танаскоски е во роднински врски со директорот Ивица Томовски. Освен што директорот на владината служба доделил тендер на свој роднина, скандалозното е и што сопственикот на агенцијата која ќе ги обезбедува државните објекти претходно бил правосилно осуден за трговија со дрога.

Ивица Томовски важи за близок соработник на Мицкоски, а нивните бизнис интереси датираат уште од времето кога Мицкоски беше директор на ЕЛЕМ. Тогаш, компанијата „Сити Логистик” (во сопственост на Ивица Томовски) добила тендери во вредност од 60.000 евра од страна на ЕЛЕМ, со потпис на Христијан Мицкоски.

Праксата на скандалозни тендери и вработувања по партиска и роднинска линија ја продолжува и оваа влада, додека младите секој ден се повеќе се иселуваат, затоа што компетентноста и стручноста не е никаков приоритет на криминогени партии кои егзистираат врз непотизам и партиски вработувања.

ОВАА НЕДЕЛА

ТРАГЕДИЈА: ЖЕНА ПРОНАЈДЕНА МРТВА НА ГРЧКА ПЛАЖА

Пребарај.. МАКФАКС РЕГИОН Трагедија во Грција: Србинка пронајдена мртва на плажа во...

ВОЛСТРИТ ЖУРНАЛ: НА ИЗРАЕЛ МУ СНЕМУВА ОДБРАНБЕНИ ПРЕСРЕТНУВАЧИ НА РАКЕТИ

Системот „Аrrow“ не е единствената одбранбена мерка што се...

ОСУМ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЕВАКУИРАНИ ОД ИЗРАЕЛ

Вкупно 28 лица побарале евакуација по воените дејствија. Втората...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ