ЛЕВИЦА ПРИЛЕП СО ПРИЈАВА ДО АНТИКОРУПЦИСКА ПОРАДИ СОМНЕЖ ЗА КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕСИ ОД ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ ВО ПРИЛЕП

0
738

�� На предлог од Советниците на Левица, а по претходно добиени информации за директен судир на интереси на одредени советници кои од општината имаат финансиска корист како физички и правни лица, добивме стопирање на нашето барање кон Предлогот за завршната сметка каде побаравме секој советник јавно да гласа со свое име и презиме.

❗Ова е скандал во една парламентарна демократија каде што приватните интереси со финансиска корист од општината на поедини советници, ги кријат во групното гласање. Советниците треба да знаат дека основната задача на службените лица при извршувањето на нивните службени должности и овластувања е да постапуваат во полза на јавниот интерес, но тие се насочија кон приватниот интерес и интересот на бизнис заедницата, политика која се практикува со години!

⚖️ Согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси: „Судир на интереси подразбира судир меѓу јавните овластувања и должности со приватниот интерес на службените лица, во којшто службеното лице има приватен интерес, што влијае или може да влијае врз вршењето на неговите јавни овластувања и должности“.

❗Од долгогодишното постапување на ДКСК утврдено е дека службените лица често донесуваат одлуки каде има судир помеѓу јавниот и приватниот интерес но истиот не го пријавуваат.

�� ЛО Левица Прилеп остро го осудува ова работење за приватни интереси а не во полза на граѓаните и ќе реагира сѐ додека не се поправи истото.

#ЛевицаОдСоветите

Фејсбук статус на Левица – Прилеп.