ЛЕВИЦА ПРИЛЕП : БОЛНИЦАТА ВО ПРИЛЕП БЕЗ ГРЕЕЊЕ И БЕЗ МАЗУТ-ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА!

0
1031

Големи проблеми окулу нормалното функционирање на болницата во Прилеп. Покрај тоа што пред некој ден дел од кровот буквално се откорна, денес на повеќето вработени им е кажано дека треба порано да си заминат од работа, останат е само дежурниот персонал.

Нема мазут ни за лек! Веќе трет ден не работи парното, додека на пациентите што се хоспитализирани им е речено „да се снајдат и од дома некој да им донесе греалка”. Какво решение!

Како прво, електричната мрежа во самиот објект не е конструирана за толкаво оптеретување со што се отвора нов ризик, како второ, при оваа цена на електричната енергија дефинитивно болницата оди кон тотален БАНКРОТ!

Надлежните и потесното раководство не пресметале и навремено јавно не предупредиле дека резервите со течен енергенс се на минимум со што свесно ја криеле потенцијалната опасност со загрозување на човечки животи и неможноста да им се даде соодветна нега во хумани услови.

Последен договор за набавка на Мазут е направен од поранешниот директор д-р Драги Богојески на 03.03.2021 год. во износ од речиси 4,5 милиони денари за набавка на 200.000 Кгр. Мазут М-1 HC, според кој е договорено тековно снабдување за 12 месеци, но според наши извори нема средства за нови испораки.

Нетранспарентното работење го поддржуваме и со двете наши барања поднесени уште во минатата година а за кои не добивме одговор: “Увид и фотокопија од списокот-листа со ДОНАЦИИ што се пристигнати и заведени во болницата”, таков список не добивме и со право се сомневаме дека сите донации што пристигнаа од Македонија и од странство за време на пандемијата, завршиле во приватни раце, а апаратите и опремата на црно биле продавани по приватни амбуланти и болници во земјава.
Соопштение на Левица, Прилеп.