Monday, May 19, 2025
5.8 C
Skopje

ЛЕВИЦА ПРЕДЛАГА ДУПЛИРАЊЕ НА РОКОВИТЕ ЗА ЗАСТАРУВАЊЕ ЗА КРИВИЧНИ ДЕЛА ЗА ФУНКЦИОНЕРИ

Пратениците на Левица ќе поднесат предлог – закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик со кој се предлага застарувањето на кривичните дела да биде дуплирано, додавање на кривични дела кои не застаруваат, а се однесуваат на економскиот криминал и злоупотреба на службената положба.

Ова на прес-конференција го објави пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ кој го потенцираше влијанието на измените на КЗ врз трагедијата во Кочани, каде според него, најмалку ќе бидат опфатени оние кои треба да бидат опфатени и нема да бидат изречени казни на вистински начин.

-Во делата кои не застаруваат предлагаме да се даде злоупотреба на службената положба како еден од најголемите проблеми со кои се соочува нашето општество и политичкиот систем. Поради ова сметаме дека ќе се спречи свесното одолговлекување на судските процеси.

Ова не е технички предлог ова е директен удар врз корупцијата и очекуваме дека пратениците во Собранието ќе имаат доблест да покажат дека не можат да се кријат зад законските норми и дека ќе застанат на страната на на граѓаните и правдата и ќе престанат да ги бранат интересите на политичката и бизнис елита на која припаѓаат – изјави Мециновиќ.

Предлогот е, според Мециновиќ, „коректив на она што минатиот мандат претставуваше еден од најсрамните денови на законодавната власт, кога СДСМ и ДУИ со обезбеден кворум од ВМРО-ДПМНЕ драстично ја намалија казнената политика и периодот на застарување на кривичните дела“.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ