Wednesday, February 12, 2025
-4.2 C
Skopje

ЛЕВИЦА ПОДНЕСЕ ПРЕДЛОГ – ЗАКОН ЗА УКИНУВАЊЕ НА ДВОЈАЗИЧНИТЕ ДЕКЛАРАЦИИ НА ПРОИЗВОДИТЕ

Левица во текот на вчерашниот ден поднела Предлог-закон за измена на Законот за потрошувачи со којшто се предлага укинување на двојазичните декларации на производите.

Како што истакна пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција, измените што ги предлагаат се во насока на зачувување на функционалноста на општеството и сврзувањето во нашето општество и во насока на зачувување на унитарноста на државата.

-Ова го нудиме наспроти јазичната сегрегација која веќе одамна партиите на елитата пробуваат да ја воспостават во Република Македонија. Нашата законска измена не е водена од емотивни причини, туку, просто, за зачувување на општото комуникациско средство за граѓаните во Република Македонија, истакна пратеникот Мециновиќ .

Тој потсети дека двојазичните декларации, како што вели, биле протуркани на брза лента од страна на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши од ДУИ и напомена дека истиот произлегува како ефект од т.н. Закон за двојазичност за којшто Уставниот суд има закажано седница во март. -Законот има за цел и да ја исправи неправдата наметната врз македонските производители и потрошувачи кои со години трпат административни и финансиски товари наметнати од клиенталистичките политики на режимските партии.

Со овој Закон бараме укинување на обврската за задолжителна двојазична декларација на производите и наместо тоа, трговците ќе имаат обврска само на македонски јазик и неговото кирилско писмо да ги доставуваат информациите за производите, а можноста за користење на други јазици е нивно дискреционо право, како што треба и да биде, образложи пратеникот од Левица. Тој истакна дека овие измени се неопходни бидејќи актуелниот закон наметнува дополнителни трошоци на малите и средните трговци кои се соочуваат со економска криза.

-Оваа бирократска заврзлама директно ги става во неповолна положба македонските производители, особено оние кои произведуваат за извоз и за региони во кои не е потребна двојазична декларација, вели Мециновиќ кој рече дека очекуваат поддршка за овој Предлог закон.

Цел на овие законски измени, нагласи тој, е да се заштити македонскиот јазик како единствен службен јазик во целата држава, со цел општа комуникација за сите граѓани во државата, намалување на трошоците за производителите и трговците и олеснување на административните процедури со избегнување на дополнителните обврски наметнати во време на економска криза.

ОВАА НЕДЕЛА

МАКЕДОНСКАТА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА БЕЛЕЖИ ПАД ОД 12 МЕСТА

Македонија се најде на 88-то место од 180 држави,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ