ЛЕВИЦА : ПОДДРШКА ЗА ПАЛЕСТИНСКИОТ НАРОД И ОСУДА ЗА ВОЕНИТЕ ЗЛОСТОРСТВА НА ИЗРАЕЛ

0
359

На маргините на Конгресот на Меѓународниот совет на Светскиот младински фестивал, Координаторот на Секторот за надворешна политика на Левица Александар Симонов оствари средба со претседателот на Подготвителниот комитет за Палестина, Хатиб Самир.

„Во дискусијата помеѓу претставниците на подготвителните комитети се дискутираше за актуелните случувања кои ги преживува палестинскиот народ, како кулминација на израелскиот апартхејд кој со години го тероризира палестинското население, народ на кого му е ускратено правото за формирање на сопствена држава. Иако во ООН Македонија гласаше воздржано за донесувањето на резолуцијата за „Заштита на цивилите и почитувањето на правните и хуманитарни обврски“, од наша страна беше истакнато дека како и во многу други европски држави, ставовите на Владата и нејзините претставници во ООН, не соодветствуваат со ставовите на огромен дел од населението“, велат од Левицата.

Партијата додаде дека низ разговорот за историите на двата народи биле пронајдени многу точки на спојување помеѓу Македонците и Палестинците, народи чиј национален идентитет па и држава, во историјата, а и денес, се жртви на негаторските империјалистички политики од надворешни фактори.

„Палестинскиот делегат беше запознаен за активностите што ги правеше Црвената младина, со кои беше изразена поддршка за невините и цивилни жртви и беше споделена информацијата дека во Собранието на Република Македонија пратениците на Левицата ќе поднесат декларација, која има разни погледи од политиката што ја води Владата на Ковачевски, шефот на дипломатијата, Османи, и претседателот Пендаровски, во која се изразува солидарност со жртвите и бара одговорност за израелските воени злосторства“, велат од Левицата.