Thursday, December 5, 2024
4.8 C
Skopje

ЛЕВИЦА : ОДГОВОРНОСТ ЗА РАСИПНИЧКИОТ ОДНОС НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА КАРПОШ ЈАКИМОВСКИ И БОГОЕВ

„На последната седница на Советот на Општина Карпош, беше поставена точка за итна пренамена на 16 милиони денари од буџетот за деблокада на општинска сметка и истата беше изгласана со мнозинство обезбедено од градоначалникот.
Но, советничката група на Левица реагираше и бараше појаснување за потребата да се одвојуваат по 8 милиони денари во наредните 15 месеци за исплати по тужба од Свето Пивара.

Имено, поранешниот сопственик на Скопска пивара е исто така и земјопоседник во Карпош, односно неговата фирма Инвестмент интернатионал е сопственик на празната парцела наспроти салата Борис Трајковски.

Откриваме, дека тој добива тужба против Општина Карпош. Општината претходно сакајќи да избегне друга тужба од Пуцко петрол за 15 милиони евра за поништување на ДУП со кој тој добиваше простор за бензинска пумпа, пренаменува дел од имотот на Свето за изградба на сервисна улица.

Иако улицата никогаш не беше изградена, а ДУП-от подоцна беше и поништен од Уставен суд, Јаневски ќе добие над 132 милиони денари од Општината!.

Ова значи дополнителни 16 милиони денари штета во камати и нотарски трошоци, бидејќи цела година била одолговлекувана исплатата.

Залудни се манипулациите на Јакимовски, ДПМНЕ и СДС дека мора да гласаат и дека Општината е ставена пред свршен чин, бидејќи целиот проблем е создаден кога во 2016 токму Стевчо го создава спорниот ДУП за Пуцко петрол, а подоцна повторно Богоев го донесува, шверцерски, на само месец пред крај на својот мандат.

Бараме одговорност за расипничкиот однос на сите овие чинители со што се доведува во ризик функционирањето на општината и се крати од буџетот за градинки, уредување паркови, одржување на инфраструктура, за да се полнат џебовите на бизнис елитата со парите на граѓаните!“, се вели во соопштението на Левица.

ОВАА НЕДЕЛА

НА ДОДИК НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ТОА ШТО КУРТИ ДОАЃА ВО САРАЕВО : ПРОВОКАЦИЈА, ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека работите...

ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА

Обединети при гласањето, левицата и екстремната десница, со мнозинство...

БРИТАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ВЕТЕРАНИ : НАШАТА ВОЈСКА ЌЕ БИДЕ УНИШТЕНА ЗА САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ ВОЈУВАЊЕ

Министерот за ветерани во британското Министерство за одбрана, Алистер...

ОВА Е НАЈМОЌНИОТ ТЕЛЕФОН НА XIAOMI

Xiaomi се подготвува официјално да го претстави новиот модел...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ