Friday, January 17, 2025
0.8 C
Skopje

ЛЕВИЦА : ЗАД БЕГСТВОТО НА ГРУБИ СЕ КРИЕ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР НА ПОЛИТИЧКИТЕ ЕЛИТИ

Зад завесите на театарот за бегството на Артан Груби се крие колективен договор на политичките елити, тврди Левица во последната реакција на бегството на вицепремиерот во Косово. „Случајот станува заташкан помеѓу меѓусебните обвинувања на некогашните коалициски партнери на ДУИ, но оградувањето од одговорност, нема да ја врати довербата во институциите, туку напротив – таа рудиментира.

Неисправни камери, заслабена гранична контрола, пропуст на контролниот полициски пункт, не се изговори на надлежните, туку алатки преку кои власта овозможила бегството да се реализира. Следејќи го развојот на настаните, сè поизвесно е како случајот се затвора на ниво на политички обвинувања каде со цел замачкување очи на јавноста, партиските послушници од последен ешалон, ги чека соочување со дисциплински мерки или симболична казна.

Државните институции уште еднаш се покажаа како лојален соработник на криминалците од политичката елита. На случајот му предничеше најава од извршната власт. Дипломатската логистика служела како транспорт, полицијата била нем посматрач, граничниот премин функционирал со врзани очи, а потерница е распишана неколку дена по реализацијата на „бегството“. Наместо гонење, државните институции стимулираат организиран криминал“, порачуваат од Левица. Партијата бара одговорност за целиот случај, не само за граничарите и полициската контрола, туку и за политичката врхушка, којашто го организирала целиот случај.

„Дополнително, покрај распишаната потерница, инсистираме да се побара екстрадација за Груби до Косово, бидејќи тие не се земја – членка на Интерпол и за нив меѓународната потерница не е обврзувачка. Останувањето на уште еден криминалец на слобода, ќе значи дека законот важи само за обичниот човек, но не и за политичката елита“, реагираат од Левица.

ОВАА НЕДЕЛА

МУЦУНСКИ ВО ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР СО НОВИОТ ШЕФ НА БУГАРСКАТА ДИПЛОМАТИЈА, ГЕОРГ ГЕОРГИЕВ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски...

МАРТА КОС: РЕАЛНА ШАНСА ЦРНА ГОРА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА ЗА ВРЕМЕ НА МОЈОТ МАНДАТ ВО 2029 ГОДИНА

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Подгорица изјави...

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ