ЛДП со полна поддршка на Заев да почне со објавување на „бомбата“

0
440

ipp

Зоран Заев,  пред  членовите на Централниот Одбор на ЛДП го претставил  проектот “Вистината за Македонија“, и реферирал  а средбите со Груевски, меѓународниот фактор и идните планови на опозицијата. Претседателот на СДСМ се осврна и на содржината на доказите, темите кои тие ги опфаќаат, воедно, барајќи разбирање и трпение за процесот за објавување, пред се’ поради чувствителната природа на добиените материјали – пишува во соопштението од ЛДП.

“Либерално Демократската Партија го свика овој Централен Одбор со цел да даде целосна поддршка на Зоран Заев, претседател на СДСМ да отпочне со постапката на обзнанување на материјалите со кои ќе се дознае начинот на владеење на оваа власт“, рече во изјава за медиумите претседателот на ЛДП, Милевски непосредно пред почетокот на состанокот на ЦО.

На седницата на Централниот Одбор беше едногласно донесена одлука да се даде поддршка на Заев да се почне со објавувањето на материјалите кои ги поседува со кои ќе се разоткрие начинот со кој оваа власт управува и ги организира изборите во Македонија. Воедно беа усвоени и заклучоците со кои ЛДП, во координација со СДСМ и здружената опозиција ќе го започне проектот “Вистината за Македонија“.

ЛДП, како дел од опозициската коалиција,отсекогаш се залагала за владеење на правото и правната држава, изјави Милевски. Од таа гледна точка, додаде тој, ги повикуваме сите граѓани да се приклучат и да дадат искрена поддршка во борбата за демаскирање на актуелната власт рече тој.