ЛДП: РЕК Битола е во тотален колапс

0
1074

Трите блока на термоелектраната РЕК-Битола не се во функција и не произведуваат струја.  Еден од блоковите е во ремонт, вториот одамна не работи а третиот престана денеска. Ова не е  дефект во системот, туку целосен колапс на електро-енергетскиот систем на државата. Загриженоста е голема бидејќи  РЕК Битола е столбот на електро-енергетскиот систем на Македонија, со производство на речиси 80 проценти од електричната енергија во државата.

Дали ова е почеток на крајот на распадот на електро-енергетскиот систем на Република Македонија?

За да биде иронијата поголема, оваа криминогена власт потроши огромни средства реконструкција и доопремување на  РЕК Битола, но нестручното и неодговорно однесување на менаџерско-партискиот тим на ВМРО-ДПМНЕ го втурна во пропаст. Дефектите на трите блока станаа секојденевие и пракса, а не исклучок. Цехот на крајот повторно го плаќаат граѓаните со поскапа струја, токму поради зависноста на РЕК-Битола да увезува мазут .

И додека блоковите на РЕК-Битола, паѓаат како „круши“, раководството на ЕЛЕМ реши да гради рајски паркови во Општина Аеродром, со мајмуни и пауни и да ја замајува јавноста со наводни вложување во механизација во РЕК Битола, што е уште една потврда за неразумното и расипничко владеење на оваа власт.

Раководството на ЕЛЕМ нема веќе легитимитет да раководи со оваа државна компанија и мора да си понесе одговорност.