ЛДП НА ГОРАН МИЛЕВСКИ СЕ ЗАКАНИЈА СО НАПУШТАЊЕ НА ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА ДОКОЛКУ ВЛАДАТА ГО ПРИФАТИ ,,ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ” ТАКОВ КАКОВ ШТО Е

0
205

Доколку Владата го прифати „францускиот предлог“ таков каков што е, најавувам дека ќе си поднесам неотповиклива оставка од член на Владата, најави лидерот на ЛДП Горан Милевски.

-Ќе направам се што е во моја можност да ја спречам бугаризацијата на нашата историја – рече тој на Телма.

Инаку, ЛДП има двајца пратеници во Собранието.