Thursday, May 15, 2025
17.1 C
Skopje

ЛДП: Насилството на студентските избори е увертира за парламентарните

Младината на ЛДП е загрижена за синоќешното брутално и сурово дејствување на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) во тепањето и малетирањето на студентите при изборите за нов студентски лидер. Ова е чин кој ја згрози не само македонската, туку и меѓународната јавност и токму затоа бараме силна и недвосмислена осуда од сите општествени чинители и правна разрешница на случајот, велат оттаму.

„Ако власта во заминување вака дејствува на студентски избори, тогаш недвосмислено ќе прашаме, дали насилството врз студентите е увертира за она што се крои за следните парламентарни избори? Го прашуваме министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, врз основа на кои аргументи наредил прекумерна употреба на сила врз студентите? Која државна инстутуција беше загрозена за да се влечат студенти по земја?“, се наведува во реакцијата на ЛДП.

ЛДП го охрабрува Студентскиот пленум да бара целосно расчистување на случајот, поништивање на изборите и борба за демократија во студентското движење, бидејќи студентите се идниот интелектуален капацитет на Македонија.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

КОШТА: НЕМА ПЛАН ,,Б”, ИСПОЛНЕТЕ ГО ОНА ШТО Е ДОГОВОРЕНО

Европската унија очекува Северна Македонија да го исполни договореното за да...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ