ЛДП: Македонските медиуми мора да се спротивстават на партиските притисоци

0
399

„Состојбата со медиумските слободи во Република Македонија е како во најтешките периоди од историјата на земјата, а секој ден поминат со власта на ВМРО-ДПМНЕ наговестува уште потешки времиња. Ова се потврдува и со последниот извештај на „Фридом Хаус“, каде државата е оценета како неслободна земја во однос на медиумските слободи.

Денеска, кога се одбележува Светскиот ден на слободата на медиумите, македонскиот медиумски простор е под силен притисок и поделеност, а секој новинар кој професионално си ја работи својата работа е на мета на оваа власт.

Затоа, бараме да се вратат демократските принципи на вледеење и во делот на медумите, со што мора да укажеме на важноста од солидарност внатре, во новинарската  професија.

Токму на овој ден бараме да се исполни делот од Пржинскиот договор за регулација на медиумите и медиумската сфера и секој еден новинар да може професионално, точно и избалансирано да информира и да ги пренесува состојбите во државата.

Ова особено е важно заради периодот кој следув, да нема извртоперување на вистината, манипулации, спинувања и замајување на јавноста.

Ги охрабруваме сите слободоумни новинари и медиумски куќи да продолжат со својата работа, зошто доаѓа времето кога во Македонија ќе се врати демократијата, владеењето на правото, слободата на мислата и изразувањето. Медиумите мора да се спротистават на партиските притисоци“, соопштуваат од ЛДП.