Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

ЛДП : ДОДЕКА ГРЧЕВА ПРОМОВИРА ПОЛИТИКИ ПРОТИВ БУГАРИЈА, НЕЈЗИНИОТ СИН ДОБИ ФУНКЦИЈА ВО СОФИЈА

Либерално-Демократската партија не може да остане индиферентна на веста за изборот на Зографски бидејќи во време кога Грчева го блокира европскиот пат на земјава, со промовирање на политики против впишување на Бугарите во Уставот, нејзиниот син добива функција во земја на Европската унијата, токму во Бугарија.

Синот на поранешната пратеничка и претседателка на партијата ,,Глас за Македонија” Солза Грчева, Андреј Зографски, од партијата ,,Спас за Софија” на локалните избори во Софија освои советничко место во Градското собрание на Софија од Коалицијата ,,Продолжуваме со промените“-,,Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) и ,,Спас за Софија“.

Со оглед на фактот дека граѓаните за да избираат и да бидат избрани мора да поседуваат државјанство, евидентно е дека за добивање бугарско државјанство, синот на Солза Грчева потпишал декларација дека ,,тој и неговото семејство по потекло се етнички Бугари“.

ЛДП ја почитува слободата на уверувањето и приватноста, меѓутоа ваквата контрадикторност доведува до блокирање на нашата европска иднина само поради добивање на политички поени.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ