ЛАЈОНС КЛУБ ПРИЛЕП ВЧЕРА ЗАПОЧНА СО ВТОРИОТ ИМИЏ ПРОЕКТ НА ГУВЕРНЕРКАТА ВЕСНА ПАЦАНОСКА, “КУПИ И ПОДАРИ ОБРОК-НАХРАНИ СЕМЕЈСТВО”

0
953

Идејата е да добиваат оброци купени од хумани луѓе,семејства од социјална категорија.

Овој хуманитарен проект прв го почна ЛК Прилеп,од каде потекнува Гувернерката и ќе се реализира во цела држава преку Лајонс

Клубовите во останатите градови. “За почеток,почнавме соработка со 5 ресторани во Прилеп,каде секој граѓанин може да плати оброк,кој се доставува на домашна адреса,на семејства од социјална категорија.

Веќе имаме одзив и се разбира отворени сме за соработка со сите фирми и поединци,кои сакаат да ни се придружат.

Самите сопственици на некои од рестораните, понудија попуст за оброците од 10-50%.Флаери се дистрибуирани по рестораните,каде можете да добиете повеќе информации како да донирате оброк или посетете ја ФБ страната на Lions Club Prilep. Ги повикуваме сите хумани луѓе да се вклучат во акцијата”,изјави Пеце Петрески, Претседател на ЛК Прилеп.

Нека им е успешна оваа прекрасна акција и да нахраниме што повеќе луѓе.