Лајм: Кадрите на ДУИ во МВР и УБК – соучесници во опструкциите кон СЈО

0
1009

Со нивното молчење и држењето на страна, функционерите на ДУИ во МВР и во УБК стануваат директни соучесници во опструкциите што им се прават на СЈО, велат за весникот Лајм извори блиски до СЈО.

– Доколку би имале волја да помогнат, тие можат многу да ни помогнат. Меѓутоа се гледа дека и на ДУИ, исто како на ВМРО-ДПМНЕ, не им одговара да се расветлат некои работи кои што се случиле во УБК. На крај на краиштата ова е разбирливо, имајќи предвид дека веќе 8 години се владини партнери – тврди за весникот Лајм извор близок до СЈО, кој сака да остане анонимен. Тој истакнува дека засега полна подршка имат само од министерот Оливер Спасовски, и неговите најблиски соработници.

Од редовите на ДУИ највисоката функција во МВР ја има заменик министерот Агим Нухиу, додека во УБК заменик директор е Ариф Хасани.

Изворот на Лајм тврди дека при престојот во УБК, добил впечаток дека тие двајца само фигурираат таму и дека целосно се игнорирани од кадрите на ВМРО-ДПМНЕ.