ЛАЈКОВИТЕ НА ИНСТАГРАМ ,,ЛЕТААТ” ПРЕКУ ДИСПЛЕЈОТ НА ТЕЛЕФОНОТ

0
348

Новото ажурирање на апликацијата Instagram предизвика многу негативни реакции кај корисниците.

Речиси сите социјални мрежи поминаа низ некаква трансформација во последно време – Facebook стана Meta, Twitter го смени името во Х, а се појави и нова апликација Threads, за која речиси сите корисници рекоа дека е многу добра копија на апликацијата на Маск.

А каква промена воведе Instagram, за кој мислевме дека веќе со ништо не може да не изненади?

„Летечките лајкови“ не им се допаѓаат на корисниците

Лајковите кои „летаат“ на екранот станаа достапни за корисниците на Instagram ширум светот, а новото ажурирање на апликацијата предизвика многу негативни реакции кај корисниците на оваа социјална мрежа.

„Дали ова може да се исклучи?“ и „Зошто моите лајкови летаат околу екранот?“ се само дел од коментарите на корисниците.

Новата верзија на „лајк“ предизвика негодување првенствено затоа што го одвлекува вниманието од „скролувањето“ на почетната страница, бидејќи големото розово срце кое претходно се појавуваше по двоен клик на средината на објавата сега „лета“ низ екранот.

Може ли да се избегне новиот тип на „лајкување“?

Иако не постои трајно решение за избегнување на новитетите кои ги воведува Instagram, корисниците кои сакаат што подолго да уживаат во претходното, ненаметливо лајкување, едноставно можат да го исклучат автоматското ажурирање на апликацијата.

На овој начин, претходните поставки ќе бидат достапни некое време, додека апликацијата не бара ажурирање за да продолжи да ја користи. Секако, тоа е можно само доколку апликацијата не се ажурирала автоматски преку ноќ – ако била, нема враќање на претходната верзија, пренесува RT.