Латас за 3 години со новинарска плата заработил 4 милиони евра!

0
586

Омилениот новинар и личен пријател на Никола Гуевски во периодот од 2011 година до 2014 година, со новинарска плата во Сител ТВ, успеал да заработи 4.000.000 евра.  Проталот „Криминалитенавмродпмне“ пренесува како на Латас му успеало да дојде до толкава заработка.

Фирмата ЕЛТРА ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, со седиште на ул. Првомајска ББ Општина Кисела Вода е формирана со почетен капитал од 364.000, а како сопственик се појавува Валентина Павловиќ – сопругата на братот на новинарот и уредник на Сител ТВ, Драган Павловиќ Латас.

1d0b5d0bbd182d180d0b0-d0b4d0bed0bed0b5d0bb-d0b5d0bad181d0bfd0bed180d182-d0b8d0bcd0bfd0bed180d182-d181d0bad0bed0bfd198d0b5

Но, фирмата ЕЛТРА ДООЕЛ експорт – импорт Скопје, за кратко време успева да добие неколку тендери од скопските општини. Од општините што ги раководи ВМРО-ДПМНЕ, во периодот од 2011 до 2013 година, добила тендери со вкупна вредност од околу 2 милиона и 900 илјади евра.

Да почнеме по ред. Ако се погледне периодот пред и по предвремените парламентарни избори во 2011, токму оваа фирма на два месеца пред изборите т.е. на 18.04.2011 година од Град Скопје добила тендер за изработка на проект за командување и управување на јавно осветлување со вредност од 52 илјади евра.

d182d0b5d0bdd0b4d0b5d180-d0b3d180d0b0d0b4-d181d0bad0bed0bfd198d0b5

Ваквата пракса продолжува и по предвремените парламентарни избори, на 12.09.2011 година, каде што оваа фирма, добила од Град Скопје тендер за улично осветлување на дел од пат, тежок околу 80 илјади евра.

d182d0b5d0bdd0b4d0b5d180-d0b3d180d0b0d0b4-d181d0bad0bed0bfd198d0b5-d183d0bbd0b8d187d0bdd0be-d0bed181d0b2d0b5d182d0bbd183d0b2d0b0d19a

Целата сторија ОВДЕ