Tuesday, March 18, 2025
2.8 C
Skopje

ЛАС ПАЛМАС ПОВТОРНО ЈА НАМАЧИ БАРСЕЛОНА, НО ДВА ЕФЕКТНИ ПОГОДОЦИ ГИ РЕШИЈА ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ФЛИК

Foto:x.com/FCBarcelona

Лас Палмас повторно ја намачи Барселона во шпанската Ла Лига и во добар дел од натпреварот му парираше на големиот фавориот, кој победата ја осигура длабоко во судиското продолжение со вториот гол кој го постигна Феран Торес.

Каталонскиот великан загуби од Лас Палмас на домашен терен во првиот дел од сезоната (1:2), а избраниите на Ханси Флик не беа комоти на теренот и вечерва на Гран Канарија.

Домаќините играа навистина добро и организирано и во неколку наврати се заканија во првиот дел, но сепак први ја вадеа топката од својата мрежа по 17 минути игра во вториот.

Резервистот Дани Олмо постигна ефектен гол со помош на гредата и донесе водство за Барселона, а тоа го натера Лас Палмас да фрли се на една карта во напад.

Лас Палмас бараше пенал по едно играње со рака на Ерик Гарсија, па иако ситуацијата се проверуваше со ВАР, на крајот испадна дека имало офсајд.

Во таква ситуација, Барса влезе во судиското продолжение со минимална предност, а печат на победата стигна по вториот ефектен гол вечерва, кој беше дело на Феран Торес во 95-та минута.

Со овие три бода, Барса се врати на првото место на табелата во Ла Лига, а така и ќе остане без оглед на утрешниот резултат на Реал Мадрид.

Головите погледнете ги ТУКА

ОВАА НЕДЕЛА

НИКОГАШ НЕ СМЕ БИЛЕ ПОБЛИСКУ ДО МИРОВЕН ДОГОВОР, ВЕЛИ БЕЛАТА КУЌА

Никогаш не сме биле поблиску до мировен договор отколку...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ