Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

ЛАСОВСКА : ДА ГИ ФРЛИМЕ БЕЛИТЕ РАКАВИЦИ, ДА СЕ ОБЈАВАТ ЈАВНО ОНИЕ ЛУЃЕ КОИ ГО ПОПРЕЧУВААТ ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска, на седницата посветена за пратенички прашања, постави две прашања, од кои првото се однесуваше кон претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и второто до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во однос на имплементацијата на проектот „Сејф сити“ како особено значаен за државата.

Ласовска во однос на првото прашање, во фокусот го стави правосудството каде смета дека се работи на реформите и истакна дека со оглед на тоа што најголем проблем на граѓаните е криминалот и корупцијата, треба да се објават имињата на тие коишто го попречуваат владеењето на правото, и јавноста да биде запознаена за кои личности се работи.

„Сметам дека за 6 месеци доволно беа бели ракавици и сметам дека треба веќе на јавноста и граѓаните да им кажеме кои се овие луѓе, доколку можете да кажете конкретно со име и со презиме, еден двајца тројца, до кога белите крагни во случајот црните тоги ќе го спречуваат и девастираат и онака девастираниот систем, прво правило по копенхашките критериуми е владеењето на правото, можеме ли да откриеме на јавноста за кои личности се работи, ајде веќе да не ги криеме, да ги фрлиме белите ракавици“, рече Ласовска.

Второто прашање беше упатено до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за подобрувањето на сообраќајната безбедност во Скопје, се со цел подобро функционирање и намалување на сообраќајните прекршоци.

„Сте биле на посета во една од земјите кои имаат имплементација на паметните технологии, би сакала да ни кажете дали дел од тие паметни технологии може да се имплементираат во Македонија поготово „Сејф сити“ во Скопје? Овој систем е од исклучително значење за сите не само за Скопје, туку и за Македонија, од кога ќе почне неговата имплементација, особено за сообраќајни прекршоци“, праша Ласовска.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ