Природниот прираст кај населението во Македонија во 2022 година e негативен и во градските подрачја е -3.488 лица, a во селските подрачја -898 лица, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика.Според податоците на Државниот завод за статистика во градските подрачја лани се евидентирани 10.866 живородени деца или 60.1 % од вкупниот број на живородените деца во земјава, додека 7.207 или 39.9 % се живородени деца во селските подрачја.
Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот регион со 39.6 %, а најмало Источниот регион со 6.6 %.
Во градските подрачја умреле 14.354 лица или 63.9 %, а 8 105 или 36.1 % умреле во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број умрени лица по региони има Скопскиот со 31.0 %, а најмало Североисточниот регион со 7.7 %.Во градските подрачја умреле 34 доенчиња, додека во селските подрачја 24.