Според веб апликацијата на Државната изборна комисија, за граѓанска контрола на Избирачкиот список каде секој граѓанин може да пристапи каде на бројни прилепски адреси кои навидум се празни може да се види дека и не е баш така празно. По откриените 56 гласачи во руинирана куќа во Прилеп на адреса „Круме Волнароски“ бр „65“ и покрај фамозната зграда со социјални станови на адреса ,,Пере Тошев” бр ,,8″ сега исто така руиниран дел поранешен ,,Том Круз” кој се наоѓа на адресата ,,Орде Тутески” бр ,,14″ во Прилеп се регистрирани 37 гласачи.
Очигледно е дека локацијата од поранешен ,,Том Круз” имала и своја строго чувана тајна, имала 37 гласачи клонови на режимот од Грујо и бате Саше.