Лаки разработува шеми како фирми да ги плаќаат рекламите на ВМРО-ДПМНЕ во КУРТОН медиумите

0
556

Јавноста се уште не доби официјална потврда дали и како ВМРО-ДПМНЕ ја затвори финансиската дупка од изборите во 2011 година. Ќе слушнете како дел од фирми ги плаќаат рекламите на ВМРО-ДПМНЕ во провладини медиуми – најави Заев.

latas1-540x299

– Целта е што повеќе да купи вели Божиновски – цитираше Заев.

Разговор помеѓу Кирил Божиновски и Драган Павловиќ Латас

ДПЛ: Директоре, што се дешава?
КБ: Директоре, што има?
ДПЛ: Ништо бе брат.
КБ: Е, оваа вторава фактура, сте има ја дале на ВМРО ама Тотал пишува.
ДПЛ: Како Тотал?
КБ: Па Тотал маркетинг.
ДПЛ: Па, да де.
КБ: Нели на Вечер тоа?
ДПЛ: Не бе, преку Тотал идат сите партиските.
КБ: Тотал е, не иде на Вечер?
ДПЛ: Ама пишува доле огласи во Вечер.
КБ: Што пишува?
ДПЛ: Огласување во Вечер.
КБ: Да, пишува, објавување на одлуката на весникот Вечер, да, да.
ДПЛ: Пишува, пишува, се е по пропис…
КБ: Ама ова е јули-декември.
ДПЛ: Па пишуе као овакво, као период, за да не го спомињаме оној пред јули, ме разбираш.
КБ: Па нели требаше за изборите ова да биде, или нема?
ДПЛ: Мене ми е сеедно.
КБ: Уствари да, се исто е, што има врска.
ДПЛ: И јас сум бил, како се вика, фирма е…у тој период и фактурите такви, други после ќе ти фактурирам, па ќе речам соопштенија од јули…како се вика… до декември и готово, толку е.
КБ: Добро
ДПЛ: Не бе тоа нема никакво значење. Битно е ти да имаш причина за плаќање, тоа се реално испорачани огласи кои може да ги види секој. Да ги провери, да ги контролира…ме разбираш? Освен што имаш ти медиа план, си постои..како се вика…физички доказ.
КБ: Добро. Значи, оваа ја пуштам утре.
ДПЛ: Е супер.
КБ: 20-кава друга што беше, можеби утре нема да биде, ама ќе биде следната недела.
ДПЛ: Да И тие 5 што ќе останат од овие 20 барем да ги завршиме ако можеш од неој извор барем до крајот на година.
КБ: Па ќе гледам сеа, тие 5.
ДПЛ: Добро, ако можеш сеа, не те гушам. Некој пат ако ќе те потсетам, не го сфаќај као седење на врат.
КБ: Да, добро. И Жиле првата недела од јануари и
ДПЛ: Готови сме, освен некои ситни што имаше, оноа, после избори до нова година. Има таму некои, малце се тие, 20 години независност, ти реков, ми рече, тој тип.
КБ: Добро, ситно е.
ДПЛ: Да, да, да, ситно е.
Разговор помеѓу Кирил Божиновски и Драган Павловиќ – Латас

ДПЛ: Те барав прееска
КБ: Да, да не се чувме, вака сега што треба да направиме
ДПЛ: Кажи
КБ: Ние имаме пред нова година едно расчистено Коста што беше претходно расчистено Рудкоп и Раде Кончар едно
ДПЛ: И немам податоци тоа
КБ: По колку беа тие …По милион и двеста со ддв, шо треба тука фактура за Рудкоп
ДПЛ: За Рудкоп ни треба податоци за ја да му дадам фактура
КБ: Така треба нова фактура
ДПЛ: Не нова воопшто немам дадено фактура
КБ: А воопшто нема дадено фактура
ДПЛ: Ама нема податоци
КБ: Ама нема податоци на фактура, бланко изгледа ја дал
ДПЛ: Да така е да
КБ: Да да ми врати од Раде Кончар…Значи наместо од Рудкоп платил Раде Кончар така…Наместо Раде Кончар платил Рудкоп
ДПЛ: Сега треба податоци за Рудкоп
КБ: Какви податоци
ДПЛ: Треба адреса, фирмата, сметка, копија од фактурата може да ми пратат со податоци
КБ: Коста копија од фактурата со податоци треба да му дадеме…Ама тоа не било тоа
ДПЛ: Кире во фактурата пишана е опис за некоја работа така
КБ: Да
ДПЛ: Ме пратиш Кире, јас не се сеќавам што пишува во описот сега после толку време, затоа ми треба копија од фактурата за да направам нова со истиот опис со истиот износ, со истото све и со вметнати податоци
КБ: Така добро
ДПЛ: Значи едноставен е процесот тоа они што лани требало да го направат на милион и двеста на една фактура плус ддв и 5100 од заостаната сметка партиска не доплати, вети
КБ: Е ама таа милион и двеста не можеме да ја лоцираме сеа, таа беше оставена со фирма и со бланко
ДПЛ: Бланко нема фирма и ти тоа ми ја препраеше, првин ми рече дај ми ја па после ми ја враќаш
КБ: Бланко е да 1.200.000…значи една е пуштена Рудкоп и една е пуштена Раде Кончар
ДПЛ: Да ама една е платена
КБ: Една е платена?
ДПЛ: Една е… не не види пред нова година ние сме требале да платиме две од по 1.200.000, така а платена е една, едната не е по што ти ми рече ајде ќе биде децембар, ајде помина нова година ќе биде февруар, јануар и сега еве доагам до 20 февруар…
Разговор помеѓу Кирил Божиновски и Драган Павловиќ Латас

КБ: Ало може едно бројче да запишете?
ДПЛ: А да ми пуштиш на СМС пошто возам.
КБ: Ај ќе Ви пуштам на СМС. Ова е број на факс.
ДПЛ: Кај истиот?
КБ: Не кај истиот, кај друг.
ДПЛ: Добро. Ама треба да ми пуштиш и име пошто јас имам назив укуцано.
КБ: Име на фирма ќе биде.
ДПЛ: Е така.
КБ: Фирмата ќе ја пишам како име и под фирмата ќе пишам име на човекот од фирмата.
ДПЛ: Човек. Добро.
КБ: И Вие утре само пуштете ја, или денес ако може, пуштете ја фактурата…
ДПЛ: Не можам денес. Ама утре ќе пуштам.
КБ: Утре пуштете ја фактурата…
ДПЛ: И да пиеме кафе за вториот дел кој го зборевме. Значи сега ни е време…
КБ: Добро.
ДПЛ: Ти текнува?
КБ: Да, да, добро. Ќе, ќе се видиме. Само…
ДПЛ: Дигни телефон, ја не сакам да осеќаш како притисок…
КБ: Не, не.
ДПЛ: Јас работам работа, ти работиш работа, разбираш.
КБ: Не, не, не. Само вака, пуштете ја сумава да биде 1.200.000,оо плус ДДВ.
ДПЛ: А не е 1,9?
КБ: Не, не. 1.200.000,оо плус ДДВ.
ДПЛ: Добро. А оние 200.000 он што ги дужи како ќе ги најдеме у п___ матер?
КБ: Ќе ги најдеме тие. Ќе ги најдеме.
ДПЛ: Добро.
КБ: Сега ова да го расчистиме пошто ние овакво. И…
ДПЛ: Добро, тоа е ситно.
КБ: На фактурата пишете само за човекот што ќе Ви го пишам, да знаат демек, да знаат дека е за него.
ДПЛ: Аха, горе да.

 

Разговор помеѓу Кирил Божиновски и Миле Јанакиески

МЈ: Ало
КБ: Шо праиш?
МЈ: Ништо бе, гледав документи, че потпишував досега па гледам фудбал че има.
КБ: Ааа, кога има фудбал, у 6?
МЈ: Сега бе, Шпанија-Италија.
КБ: Шо збориш бе. Ја а работа исто потпишувам, у п…у матер. Слушај…
МЈ: М.
КБ: …Да го направиш следново. Да напраиме една анализа, сите Општински комитети во каква просторија се, под кого е таа просторија и…
МЈ: Че му пуштам прашалник.
КБ: Не, не, не.
МЈ: Па како?
КБ: Не прашалник, ошто ова ако се расчуе, ќе биде многу катастрофално. Значи, не смее да се расчуе, треба тет-а-тет.
МЈ: Сме го праеле ова порано, да ти кажам, че ја напраам, по телефони че му ѕвониме.
КБ: Значи, шо е идејата. Да, по телефон, тет-а-тет со секој, и да не се кажуе дека е акција, него, еве, како е кај тебе ме интересира состојбата.
МЈ: Значи вака…
КБ: Целта е шо поише да напраиме анализа за да можеме што поише да купиме, ме разбираш?