Лаки Застава Филм трампа бетон, рекетира фирми и луѓе да не објави ништо против нив на Сител!

0
1333

Зоран Заев објави разговори зна  уредникот на Сител, Латас, во кој тој  договара свои бизниси од позиција на уредник на Сител, трампа бетон, рекетира фирми и луѓе да не објави ништо против нив.

latas

Разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и соговорник

С1: Значи види вака, јас ќе се видам после со него да му кажам: Утре Латас ќе земе некоја количина на бетон, у петок ти прави прилог на вести…

ДПЛ: Не можам у еден ден да го истрпам тој, ама од утре почињам…

С1: А бе од утре почиња, од утре почиња…

ДПЛ: Е така…

С1: Ајде.

ДПЛ: У петок правиме прв прилог, идната недела уште еден.

С1: Ајде, готово.

ДПЛ: Е така.

С1: Ајде, чао.

ДПЛ: Ајде.

Разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и соговорник

ДПЛ: Кажи директоре?

С: Уредниче бе што праиш?

ДПЛ: Еве бевме со директоров мој во една банка тука по реклама и се искачаме

С: Ааа, абе ми требаш нешто таму да ти кажам за еден човек да не го рчкаш нешто…

ДПЛ: За кој?

С: Ќе ти кажам…кај сте да дојдам да ве видам една минута?

ДПЛ: Е нема ја сеа идам дома ручек да носам чекаат

С: А да дојдам таму пред зграда кај тебе може?

ДПЛ: Абе кажи ми само шо се секираш….

С: Овој ми е другар ептен добар стално ги закачаш на оној Пуцко од Кичево син му…

ДПЛ: Кој е, кој е тој? Со што се бави?

С :Со нафта шо имаат бензински Пуцко петрол…

ДПЛ: Пуцко петрол?

С: Да…

ДПЛ: На Велија Рамковски спонзорот?

С: Абе каков спонзор немаат ништо со него више

ДПЛ: Може ли они со нас една реклама да напраат, све да завршиме?

С: Ќе напраат се шо треба ќе го донесам кај тебе…

ДПЛ: Готово…

С: Син му ми е види…син му ми е ептен добар другар

ДПЛ: У понеделник моеш да го донесеш?

С :Ќе го донесам и сеа ми се јави…

ДПЛ: У понеделник ќе напраиме ја и ти муабет со него…у вторник завршено

С: …да ти кажам …не не гледај, знаеш шо е работата? Денеска у транспорт и врски имало јавна лицитација купиле место у Скопје за бензиска у Ново Лисиче на на наддавање си ја купиле и виак те молам да му кажеш да не не пљука нешо да не ни заебе работа…

ДПЛ: Дооброо…ја денеска тоа ќе го завршам

С: Денес само ништо да нема у понеделник ти го носам ќе видиш за какви луѓе се работи, топ се

ДПЛ: Готово ее, моето ќе го завршам. Готово не се секирај…

С: Готово уредник, чао фала…