ЛАЗАРОВ ПО ДЕБАКЛОТ ВО ПОЛСКА : ПРИФАЌАМ ОДГОВОРНОСТ, НЕ ГО ИЗДРЖАВМЕ ПРИТИСОКОТ

0
354

Македонската ракометна репрезентација претрпе три убедливи порази и не ја мина групната фаза на Светското првенство 2023. Вечерва „црвено-жолтите“ загубија од Аргентина со 26:35. Селекторот Кире Лазаров ја презема одговорноста за слабите резултати, но изрази надеж за подобра иднина на оваа репрезентација.

– Не сум задоволен од нашите изданија. Можеби сме послаби од трите противници, но сме послаби за десет гола. Прифаќам одговорност. Не знам што се случи со ракометарите. Направивме многу жртва да стигнеме овде. Ова е ново искуство за мене. Треба да се работи многу за да не ни се случи тоа што му се случи на фудбалот, кошарката, одбојката. Имаме многу дебитанти кои не го издржаа притисокот. Сигурно и јас негде погрешив, никој не е безгрешен. Ги разбирам нашите играчи и се надевам дека еден ден ќе го дигнеме нивото, верувам веќе на следното Европско првенство, изјави Лазаров. Тој им се заблагодари на сите навивачи кои даваа поддршка за македонската репрезентација од трибините во Краков.Избраниците на селекторот Кирил Лазаров на Мундијалот продолжуваат во т.н. Президент куп со натпревари за пласман од 25 – 32. место.