Thursday, April 24, 2025
17.8 C
Skopje

Лажниот патриотизам на режимот е разбиен: Груевски и Мијалков се пазареле за името и тоа со посредство на нивниот бизнис партнер и заштитен сведок кој го местеше Љубе Бошкоски, Емануел Маноли!

Дојде време јавноста да ја дознае вистината за лагата врз која Никола Груевски го изрази лажниот мит за неговиот патриотизам.
Цел култ разви овој човек врз оваа теза..Се пазарел, и тоа како се пазарел Никола Груевски со името на РМ, рече лидерот на Зоран Заев на прес конференцијата во партиското седиште.

zaev

Ова не се информации од преговарачкиот процес, туку конкретни докази за пазарењата на Никола Груевски со луѓе од андерграунд од доверба во Македонија и Грција. Кога излегоа информации дека се водат тајни преговори , тогаш кога Груевски обвинуваше дека платеници и соросоиди заговараат промена на името, е токму тогаш се правеле пазари ама од страна на власта.

Не биле официјалните преговорачи, Зоран Јолевски или Никола Димитров, за уставното име под маса во тајни простории со познатиот бизнис партнер од Грција на Мијалков и Груевски и заштитиниот сведок кој го местеше Љубе Бошкоски дека ја продал државата, со Емануел Маноли разговарал токму Сашо Мијалков.

Се пазарел за уставното име на РМ со грчкиот партенр, и тоа се слуша од аудиот доказите. Ќе стане јасно дека Никола

Груевски лажел дека не се пазарел за уставното име на државата. И не само што го правеле ова тоа го правеле тајно преку свои луѓе, рече Заев.

Заев објави снимка за која рече дека преговарачот за името Зоран Јолевски му признава на министерот за надворешни работи Антониот Милошоски дека медијаторот Нимиц чувствува дека е исклучен од процесот на преговарање, токму кога се воделе овие тајни преговори за името.

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

МАЖ ВО ПРИЛЕПСКО МАЖУЧИШТЕ ЗАГИНА ОД УДАР НА ГРОМ

Маж загина од удар на гром во Прилепско, соопшти...

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА: ПРОЕКТИРАНИОТ РАСТ ОД 3,7 ОТСТО Е РЕАЛЕН

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која престојува во Вашинтон,...

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА „РЕКОРД“, ДОШЛЕ ЕКИПИ НА ИТНАТА ПОМОШ

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа на „Рекорд“ во...

ТРАМП: БЛИСКУ СМЕ ДО ДОГОВОР СО ПУТИН И ЗЕЛЕНСКИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мисли дека има...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ