ЛАВРОВ : СРБИЈА НЕМА ДА ОТВОРИ НОВО ПОГАЛВЈЕ СО ЕУ ДОКОЛКУ НЕ ВОВЕДЕ САНКЦИИ КОН РУСИЈА

0
307

Србија нема да отвори никакво ново поглавје во преговорите со Европската унија доколку не воведе санкции кон Русија, истакна рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на денешната прес-конференција во Скопје. „Ако сакате да влезете во ЕУ, мислам дека нема да отворите ново поглавје ако не ги следите сите одлуки на ЕУ, вклучително и санкциите против Русија“, рече Лавров за време на Министерскиот совет на ОБСЕ, одговарајќи прашање на српски новинар каков би бил конечниот исход од разговорите меѓу Белград и Приштина.

Како што истакна шефот на руската дипломатија, тоа е „начин на убедување од страна на ЕУ“.„Вака ги убедуваат Србите да прифатат Косово да стане членка на меѓународните организации. Дали е тоа реално“, додаде Лавров.Зборувајќи за разговорите меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ, Лавров рече дека пред 10 години е постигнат договор за статусот на српските општини на Косово и дека по 10 години ништо не се случило, бидејќи косовската страна категорично одбива да го исполни својот дел од обврските.

„Луѓето кои беа назначени да бидат лидери на овој српски регион категорично одбиваат да ги прифатат своите обврски. Дали ЕУ побара нешто од косовската страна? Не. ЕУ имаше барања само од српската заедница. Тие веќе донесоа документ тоа се разликува и содржи различни принципи од она што беше договорено меѓу Белград и Приштина“, рече Лавров.

Тој додаде дека сите проблеми со кои се соочува Балканот потекнуваат од Западот, уште од распадот на поранешна Југославија.Тој рече дека не е голем познавач на македонско-бугарските односи, но дека според него проблемите во регионот имаат корени од Запад, односно по распадот на Југославија.Според него, Западот отсекогаш имал интерес да ги поттикнува нациите едни против други.Рускиот министер ги охрабри етничките групи на Балканот да живеат мирно и да ги потиснуваат сите националистички амбиции и ги повика да не се приклучуваат кон санкциите против Русија, само за, како што рече, исполнување на одредени западни амбиции.