Лавицата Соња од Будимпешта пристигна во скопската зоолошка заедно со ретка раса на мајмуни Мармазети

0
1538

Доцна во ноќта во Зоолошката градина во Скопје од Будимпешта пристигна белата лавица Соња. Има една година. Лавицата пристигна во друштво со најмалата раса мајмуни мармазети.

-Со нив требаше да пристигнат и пингвините од Италија, но поради проблеми со пандемијата транспортот е одложен. Инаку ексклузивното живеалиште за пингвини е готово, поради што само се чека пингвините да пристигнат од Италија и Русија, ни изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.