К-15 СЕ ВРАТИЈА, ОВА Е НИВНИОТ ПРВ СКЕЧ – ПРОГЛАС НА ДИЈАСПОРАТА : МАКЕДОНЦИТЕ ОД СВЕТОТ ДА СЕ ВРАТАТ ВО ТАТКОВИНАТА И ДА ЈА БРАНАТ МАКЕДОНИЈА!

0
988

Проглас на ДИЈАСПОРАТА: Македонците од светот да се вратат во татковината да ја бранат Македонија!

Не за бугарскиот договор

Водени од неизмерната жар и љубов за Македонија ;

Инспирирани од неправдата и мрачните облаци надвиснати над неа како резултат на погубната антимакедонска окупаторска “власт”;

Огорчени од крајното лицемерие на ЕУ и нејзината веќе отворена политика на бришење на македонскиот национален идентитет и историја;

Македонците во светот преку своите здруженија, во овие клучни моменти упатуваат

Повик за енергично и решително НЕ и отфрлање на францускиот предлог за потпишување на бугарскиот договор.

Не за ЕУ со изменет нелегален устав, без Македонија и Македонци, историја , јазик..

Не за никакви работни групи кои само ќе го одвлечат вниманието на енергичните Македонци, кои веќе четири дена протестираат против овој договор.

Ги повикуваме сите Македонци ширум светот да допатуваат во татковината за нејзина одбрана.

Масовно да излеземе и да ги блокираме институциите и политичарите кои вршат национално предавство. Судбината на македонската држава е во наши раце , ако ја испуштиме сега истрајноста и одлучноста, идните генерации ќе не проколнуваат за навек!

Вие во Македонија, ние во државите каде престојуваме, заедно сме посилни.

Сонцето на слободата е на повидок !

Координативно тело на Македонците во Европа и светот

6 јули, 2022 година

Лондон, Хелсинки, Брисел, Женева, Братислава, Сиднеј , Мелбурн, Перт, Њујорк, Торонто…

Здруженија: