КФОР ПОСТАВИ БАРИКАДИ НА АДМИНИСТРАТИВНИОТ ПРЕМИН ЈАРИЊЕ КОН СРБИЈА

0
363

Припадниците на КФОР поставија барикада на административниот премин Јариње, бидејќи од другата страна на преминот, неколку десничарски организации од Србија, Црна Гора и Република Српска за денеска најавија протест.Митингот под мотото „Збор на Јариње, никогаш граница“ се одржува на деветиот ден од барикадите на Србите на Косово, и по апсењето на тројца поранешни косовски полицајци кои се обвинети за сторени воени злосторства.

Тензиите дополнително се зголемени во пресрет на одлуката на КФОР да се произнесе по барањео ан Белград за враќање на одреден број српски војницина Косово и изјавата на косовскиот премиер Курти дека барањето на Белград е смешно и невозможно бидејќи тоа, Косово како независна држава ќе го смета за агресија.