КУРТОН ПАНДОВ СЕ ЗАКАНУВА: КОГА ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ НА ВЛАСТ ЌЕ ПРАВИМЕ ЧИСТКА ВО СУДСТВОТО И ОБВИНИТЕЛСТВОТО, ЌЕ ГИ ОСЛОБОДИМЕ НАПАЃАЧИТЕ ОД 27-МИ АПРИЛ!!!

0
1141

,,Читам вчера Сашо Сенков после цела година притвор во Шутка е ослободен од обвинение. Тврдам дека истото порано или подоцна ќе се случи и со Игор, Борис, Владо, Богдан, Ченто, Горан, Илче, Тошта …

Сакам да го предупредам обвинителот кој што го водел случајот против него, како и сите останати обвинители и судии кој и понатаму ги малтретираат уставобранителите од 27 април со притвори и влечење по судови, дека се ќе направам истите да си добијат заб за заб, око за око, година во Шутка за година во Шутка. Колку лежел Сенков, толку да лежи и обвинителот. Дека ќе бидете набркани од работа мислам дека не треба ни да ви кажувам. Само така ќе има правда и ќе има мир“.

Ова го напиша Александар Пандов, на својот ФБ профил, член на ВМРО ДПМНЕ и десноориентиран аналитичар.