КУРТОВСКИ : ВО СЛЕДНИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ ЌЕ РАБОТИМЕ УШТЕ ПОВЕЌЕ ПОСВЕТЕНО СО НОВИ ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА МАВРОВО И РОСТУШЕ

0
499

Во следните четири години ќе работиме уште повеќе посветено за со цел да ги подобриме условите за живеење и развој на општината, порача кандидатот за градоначалник на општина Маврово и Ростуше од СДСМ и коалицијата Медат Куртовски.

„Во досегашниот мандат заеднички вложивме многу труд и работа во реализација на проекти за подобрување на животот на сите граѓани во нашата општина. Со одговорен и домаќински однос покажавме како сераководи општината и како средствата се инвестираат за развој и добросостојба на нашите граѓани. За четири години Маврово и Ростуше се развиваше како никогаш досега. Реализиравме проекти што остануваат да говорат за нас. Се потрудивме подеднакво да вложуваме во сите населени места.“ посочи Куртовски.

Кандидатот за градоначалник Куртовски се осврна и на идните проекти во неговата програма. „Во наредните четири години ќе продолжиме со фокус на реалните потреби на граѓаните кои ќе опфаќаат еколошка заштита и чиста животна средина преку изградба на канализациони мрежи и одржување на јавната чистота, санирање на основните училишта и овозможување на услови за инвестиции од областа на туризмот. Нашата иднина и нашата перспектива зависат од нас и верувам дека заеднички можемеработите да ги променуваме на подобро. Ќе одредиме заменик градоначалник од мавровскиот регион и ќе го прошириме советот на општината со надворешни членови со право на говор но без прааво на глас за да можат да придонесат во развојот на нашата општина.

Заедно со граѓаните ја подготвивме и новата програма со која ќе продолжиме со реализација на нови проекти со кои ќе се подобри животот на граѓаните во нашата општина. 

Во следниот мандат ќе реализираме изградба на канализациона мрежа во Маврови Анови,водоводни линии или каптажи во Леуново, Врбен, Маврово, Присојница,Жировница, Видуше, Битуше, ќе уредуваме паркинг простори во населените места Ростуше, Скудриње, Велебрдо, локални патишта и улици во Маврово, Скудриње, Јанче, Аџиевци, Маврови Анови, Нистрово, Никифорово, ќе вршиме чистење и оградување на депониите, ќе го уредиме уличното осветлување во мавровскиот регион, ќе реновирамеосновни училишта во Ростуше, Жировница, Присојница, Врбјане.

За децата ќе изградиме детски забавни паркови за да можат правилно да се развиваат, за учениците подобрување на условите за учење преку дигитализација и наставни средства и материјали, за младите спортски игралишта и субвенции за скијање, за пензионерите простор за дружење и организирани екскурзии во државата. Нашата програма ги опфаќа сите граѓани и сите целни групи.“ посочи Куртовски.