КУРТИ : ПРВО КРИМИНАЛНИТЕ ГРУПИ ДА СЕ ВРАТАТ ВО СРБИЈА, ПА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПОЛИЦИЈАТА

0
663

Косовскиот премиер, Албин Курти денеска повтори дека општинските згради на северот на Косово се места каде што треба да работат градоначалниците, пренесува Politiko.al.

Курти во утринската програма на Би-Би-Си зборуваше за ситуацијата на северот на Косово и праша кој треба да биде во тие објекти доколку тоа не се избраните градоначалници.
-Градоначалниците се во нивните канцеларии и така треба да остане, рече Курти.

За барањата на САД и ЕУ за повлекување на припадниците на косовската полиција од општинските згради, тој рече дека оваа точка може да се преиспита.
-Можеме да размислиме за отстранување на косовската полиција од овие згради, но прво насилните криминални групи кои нападнаа и повредија новинари, нашите полицајци и војници на НАТО мора да се вратат во Србија или да одат во затвор, рече тој.

Тој додаде дека не може да прави компромиси кога станува збор за „демократско Косово“.

-Тој не може да направи компромис во однос на демократската република, бидејќи јас сум премиер на најдемократската земја на Западен Балкан, со најпрофесионална полиција, која е ориентирана кон Запад, рече тој.
Запрашан за можноста за одржување на вонредни избори, Курти рече дека е подготвен да ги слушне предлозите за ново гласање, но само откако ќе се воспостави владеење на правото на северот на Косово.

За ситуацијата на северот и острите изјави од САД и ЕУ, Курти посочи дека Вашингтон и Брисел се неприкосновени сојузници на Косово.
-Сметаме дека САД, ЕУ, Велика Британија се неспорни сојузници и пријатели и сме им многу благодарни за нашата слобода и независност и за развојот на демократијата. Сепак, не можеме да ја предадеме нашата Република на фашистичката полиција платена од автократот во Белград, кој некогаш беше министер на Милошевиќ, изјави Курти.