Tuesday, January 21, 2025
3.8 C
Skopje

КУРТИ ОД ЗАГРЕБ : СРБИЈА НЕ Е ДЕМОКРАТСКА, ТУКУ ПАРАВОЕНА ДРЖАВА

Повтори дека Србија стои зад нападот на каналот Ибар-Лепенац. Најави дека ја чека истрагата од тој „професионален терористички напад“

Србија не е демократска држава. Таа е паравоена држава, како што отсекогаш и ја знаеме. Ова денеска го изјави косовскиот премиер Албин Курти при неговата посета на Реепублика Србија, каде оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, пренесува хрватската национална телевизија ХРТ.

Повтори дека Србија стои зад нападот на каналот Ибар-Лепенац. Најави дека ја чека истрагата од тој „професионален терористички напад“.

„Во последните сто и педесет години Србија имаше само околу две и пол години демократија. Србија не е демократска земја, не се почитуваат човековите права и правата на малцинствата. Воспоставениот систем во Србија не верува во политички плурализам, нема правна држава. Од историското искуство знаеме како завршува ова, но се чини дека Белград ништо не научил од нашето минато. Сакаме добрососедски односи, затоа го имаме Бриселскиот договор“, рече Курти.

Според него, треба да инсистира Брисел да изврши притисок врз Белград да ги почитува договорите кои водат кон нормализација на односите.

„Имаме договор од Брисел и имаме и договор за негово спроведување, но секоја недела Белград прави разни прекршувања на тој договор и не дозволува негово спроведување“, изјави Курти.

Хрватскиот премиер изјави дека Хрватска сака процесот на дијалог меѓу Косово и Србија да доведе до нормализација на односите и меѓусебно признавање.

ОВАА НЕДЕЛА

ТРАМП ГИ ПОМИЛУВА 1600-ТЕ НАПАЃАЧИ НА КОНГРЕСОТ

Новиот американски претседател Доналд Трамп го потпиша првиот сет...

МИЦКОСКИ ВО ВАШИНГТОН Н СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА „МАКЕДОНИЈА 2025“

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во посета на САД,...

ИЛИЕВСКИ : ЗАБЕГАНА Е НАЈАВАТА НА ВЛАСТА ЗА КУПУВАЊЕ НОВ АВИОН

Одговор на новинарско прашање, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ Скандалозна...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ