КУРТИ Е СВЕСЕН ДЕКА Е ВЕРОЈАТНО ПОДОБРО ДА СЕ ОБИДЕ РЕШЕНИЕ ЗА ВРЕМЕ НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА БАЈДЕН, ЗАТОА ШТО ТОЈ НЕ ЗНАЕ ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ ПОДОЦНА

0
289

Постојат малку шанси Белград и Пристина да напредуваат во однос на дијалогот оваа година, смета директорот на Центарот за либерални стратегии во Софија, Иван Крастев, додавајќи дека доколку има можност да се случи такво нешто, тоа ќе биде кон крајот на годината, пренесува Репортери.

Во интервјуто за Балкан Дебриф, Крастев вели дека иако меѓународниот притисок може да влијае на решението, внатрешната политика ќе биде исто така важна, затоа што „полето за играње не припаѓа на големите сили“.

„Одржувањето на избори на северот на Косово и создавање на заедницата на српски општини се два услови што Курти мора да ги исполни за да се врати во нормални односи со Србија. Под влијание на големата политика и особено евентуалното враќање на Трамп во Белата куќа, Курти би можел да бара компромис, бидејќи Косово може да изгуби многу повеќе од Србија од евентуална промена на власта во САД“ – изјави тој.Од оваа гледна точка, додаде тој, на Курти му останаа само уште неколку месеци да се обиде да постигне компромис.

– Водени од неизвесноста на исходот на изборите во САД, Курти е свесен дека е веројатно подобро да се обиде решение за време на администрацијата на Бајден, затоа што тој не знае што ќе се случи подоцна – рече Крастев