Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

КУНОВСКА : „ЛАЖНО СИЛЕЊЕ Е НАВОДНАТА ПОДГОТВЕНОСТ НА ФИЛИПЧЕ ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, НЕМА РАКОВОДСТВО, УШТЕ ПОСЛАБ РЕЈТИНГ“

Софија Куновска поранешен висок функционер од СДСМ смета дека никому не му се прифатливи предвремени парламентарни избори и оценува дека оваа тема се користи само за дневно-политички мачо-маневар, во смисла на тоа кој е кукавица, а кој е храбар.

-СДСМ нема комплетирано раководство со месеци, анкетите укажуваат на уште послаб рејтинг од последните избори, идентитетски партијата е разобличена. Евентуални парламентарни избори заедно со локалните ќе го докрајчат и тоа малку што е останато од СДСМ.

Затоа, наводната подготвеност на Венко Филипче за предвремени парламентарни избори е лажно силење од немајкаде и е дел од опозицискиот фолклор кој е наменет за јакнење на перцепцијата дека СДСМ се консолидира, што всушност нема допирна точка со реалноста, тврди Куновска за „Локално“.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ