Thursday, December 12, 2024
5.8 C
Skopje

КУМОВИТЕ ПРВИ ВООЧИЛЕ ДЕКА ИМА ПОВРЗАНОСТ МЕЃУ ИСЧЕЗНУВАЊАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ

Кираца Трајковска и нејзиниот син Гоце Трајковски први го поврзале исчезнувањето на Вања Ѓорчевска во Скопје со исчезнувањето на Панче Жежовски од Велес, посведочи денеска Трајковска пред судот. Семејствата Трајковски и Ѓорчевски имаат старо кумство, па набргу по исчезнувањето на Вања, Кираца го испратила својот син Гоце кај Александар за да помогне во потрагата. Прегледувајќи снимки од возила кои ги обезбедувал Гоце, по начинот на движење, сомнителен им бил цитроен со велешки таблици, а откако потоа на социјалните мрежи виделе дека е киднапиран велешанец, Кираца и Гоце интиуитивно ги поврзале двата случаи.

“Јас видов објави на социјални мрежи дека Панче го нема. Се распрашувавме кој е човекот што го нема. Го поврзав син ми Гоце со роднина од Велес, за заедно да соработуваат и да продолжат да истражуваат. Најдоа снимка од Велес, од бензинска пумпа, каде се гледа Панче како го вози цитроенот со уште едно лице. Регистрацијата се гледаше. Имав интуиција дека овој случај е поврзан со Вања”, рече Кираца Трајковска – сведок.

На прашање од првообвинетиот Палевски дали таа верува дека тој е убиецот, Трајковска рече „ не, посебно ако причината се пари“. Нејзиниот син Гоце Трајковски пак поради паничен напад денеска не се појави во судница. Родителите на Александар денеска сведочеа дека тој не бил должен, бил кратко време зависник и се излекувал.

„Секој од членовите и на семејството и пријатели преземал дејствија по некоја лична интуиција по некое лично согледување и перцепција на работите и без оглед дали тоа во тој момент било реално„, рече Владимир Туфегџиќ, адвокат на обвинетиот Александар Ѓорчевски.

Следното судење е закажно за 20-ти ноември. Малолетната Вања и велешанецот Панче, по кои се трагаше со денови, беа пронајдени убиени на 3 декември минатата година.

Извор : Алсат.мк

ОВАА НЕДЕЛА

АРТАН ГРУБИ : СЕ ПОВЛЕКУВАМ ОД ЈАВНИОТ ЖИВОТ, ЧИСТ СУМ КАКО СОЛЗА

Лична одлука во служба на општото добро вели Артан...

СТРАТЕШКИ РАЗГОВОРИ ПОМЕЃУ МИЦКОСКИ И ЛАЈЧАК

Остварив средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ...

АХМЕТИ НЕ ГО ДАВА ГРУБИ

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети не ја оспорува...

ТОШКОВСКИ : ЧЕТИРИ СТОЛБОВИ ЗА РЕФОРМА И КРЕИРАЊЕ НА СИСТЕМСКИ РЕШЕНИЈА ВО МВР

Министерот Панче Тошковски денеска присуствуваше на тркалезна маса „Реформи...

ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО МВР ПЕТРУШЕВСКИ НА СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД КРАЛСТВОТО КАМБОЏА

Денеска (11.12.2024), во Министерството за внатрешни работи, се одржа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ