Пријавениот поднел барање за легализација на бесправно изградени објекти, а употребил лажни фалсификувани исправи, купопродажни договори за 41 апартман во комплекс на апартмани во Струга заверени кај нотар од Куманово.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.С.(63) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”.
„На 26.12.2018 до општина Струга, пријавениот поднел барање за легализација на бесправно изградени објекти, а употребил лажни фалсификувани исправи, купопродажни договори за 41 апартман во комплекс на апартмани во Струга заверени кај нотар од Куманово.Исто така, пријавениот во комплексот на апартмани, во повеќе наврати нелегално издавал апартмани кои не биле во негова сопственост, ниту добивал согласност од сопствениците на апартманите“ – информираат од МВР.