Wednesday, April 23, 2025
9.8 C
Skopje

КУЛТУРА БЕТА ГО ОДБЕЛЕЖУВА ПЕТТИОТ РОДЕНДЕН ВО БУКВА

Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ ќе ја одбележи својата петгодишнина оваа сабота во кафе-книжарницата „Буква“. Под слоганот „Ослободи ја младинската култура“, овој настан е отворен за јавноста, нудејќи можност за активна учество на сите уметници и посетители.

Започната како неформална, а подоцна и формална организација, „Култура Бета“ постои пет години, ширејќи креативност и уметност во секој аспект од културната сфера. Освен што објавува на електронски платформи поезија, проза, музика, интервјуа и рецензии, „Култура Бета“ организира бројни културни настани како „Поетска епизода“, „Клинци“ и „Ре-култура“.

Во својот петгодишен опус, нивната примарна цел е да обезбедат простор каде што младите македонски уметници можат да се промовираат и запознаат.

Настанот ќе започне во 21:00 часот со поетско-музички и визуелен настан наречен „Сеопшт џем“, по што ќе уследи диџеј сет од Макс и Тео. На сцената ќе настапат поети и поетеси како Ива Петреска, Ивана Јовановска, Виктор Бучковски, Методија Тасевски и Јасна Тркова, кои ќе ги споделат своите стихови со публика, придружувани од музичари како Дарио Циевски, Мартин Џорлев, Борјан Гаговски, Дарко Јованов и Ана Томашич.

За време на вечерта, присутните ќе имаат можност да учествуваат во креирањето на голем колаж кој тие сами ќе можат да го дополнат, бојат и допишуваат.

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ВИСОКО НИВО НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски,...

ЉУТКОВ ЗА ТВ СИТЕЛ НАЈАВИ УТРЕ ДО 16 ЧАСОТ ПЛАТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се надева...

ХАРВАРД ЈА ТУЖИ АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП

Администрацијата на Трамп во март започна со ревизија на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ