Friday, December 13, 2024
-0.2 C
Skopje

КУЗМАНОСКА : ПОТРЕБНА Е ПОЛИТИЧКА ЗРЕЛОСТ, КОРИСТА ЈА ЗАСЛУЖУВААТ СЕГАШНОТЕ, НО И ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

„Стратешките приоритети на Владата на ВМРО-ДПМНЕ  при  подготовка на Буџетот за 2025 година, се  насочени кон одржување на макроекономската стабилност и одржување на стабилен и одржлив национален економски развој. Дополнително со ваквите инвестиции ќе се отворат нови работни места и ќе ја зголемат продуктивноста во долг рок, што ќе има позитивен ефект врз економскиот раст и животниот стандард на граѓаните“ , изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Биљана Кузманоска во своето излагање на денешната расправа за предлог-буџетот за 2025 година.

Кузманоска јасно даде до знаење дека веќе условите се променети. Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија секогаш е на страната на домаќинско и одговорно работење. Напомена дека партијата секогаш ќе биде верен партнер на граѓаните кои чесно работат и придонесуваат да  изградиме квалитетно општество.

„Сега уловите се променија. Како одговорна партија, домаќинското работење е клучно за ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме партија која ги почитува граѓаните кои со труд, работа и капитал се борат за поквалитетен живот“ , децидна беше Кузманоска.

Кузманоска апелираше СДСМ да започнат да поддржуваат и поздравуваат добри политики и да не се служат со деструктивни критики. Истакна дека време е зрело да се делува во интерес на граѓаните, користа да ја почувствуваат и уживаат и идните генерации.

„Затоа колеги од СДСМ време е да почнете да почитувате, потребно е да почнете да делувате, а не само да критикувате. Да дадеме можност, а притоа да ги користиме сите механизми што ни се на располагање  за вршење на  задачите и обврски кои ни ги доделиле граѓаните, за добробит на сите, во настојувањето да градиме подобра иднина и да ја развиваме нашата државата на сите полиња, за нашите и идните генерации“ , заклучи Кузманоска.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ